Skip to main content

Судовите со ново работно време

Ново работно време на судовите. Оваа измена на работното време доаѓа како резултат на барањето на здружението на судската администрација. Истата одлука позитивно е прифатена од вработените во судовите во цела земја.

 |  Николоска Биљана  | 

Првиот понеделник од месец септември, односно од 4ти септември, судовите со ново работно време. Работниот ден на сите вработени во Основниот суд во Охрид ќе им започне во 7 и 30 часот и ќе трае до 15 и 30. Секретарот Борче Мирчески пренесува дека измената на одлуката за работното време наишла на позитивен прием кај сите вработени, не само во нивниот суд туку воопшто во земјава. Тој додаде дека одлуката била дел од нивните штрајкувачки барања.

 „Оваа измена на работното време беше по барање на Здружението на судска администрација и на синдикатото на УПОС кое барање веќе една година беше дистрибуирано до извршната Власт, но претходната извршна власт не наоѓаше за сходно дека е потребно да се менува ова работно време… иако се сеќавате во март месец кога најавувавме штрајк, кога имавме протести едно од тие штрајкувачки барања беше измената на работното време“ 

За измена на работното време биле направени и анкети во сите подружници, со цел да се види какво е расположението на вработените, вели Мирчески. Додава дека овој процес траел околу година и половина.

 „Во тие анкети секаде беше барањето да се смени работното време на начин што вработените ќе започнат порано да доаѓаат на работа. Најмногу предлози имаше за ова работно врме од 7 и 30 до 15 и 30 минути. Таквите анкети и барања од подружниците ние ги преточивме во наше барање како на здружението такво барање го изработивме на заедничко ниво со УПОС и на крај резултира со прифаќање на одлуката на општо задоволство на вработените“ 

Новото работно време ќе влијае врз ефикасноста на работата на судовите, смета Мирчески. Инаку досега работно време на судовите беше од 8 и 30 до 16 и 30.