Skip to main content

Бакрачески: на Курбан Бајрам се споделуваат вистинските човекови вредности

Денес припадниците на исламската вероисповед го слават празникот Курбан Бајрам. Со утринската молитва сабах, намаз, а потоа и со молитвата бајрам намаз, почнува тридневната прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.

 |  Николоска Биљана  | 

Солидарност, помагање, споделување на хуманитарни вредности се дел од вековната традиција за одбележување на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Тој денес заедно со своите соработници присуствуваше на настанот каде секоја година здружението на исламската заедница го изведуваат ритуалното принесување на курбанот, жртвата, која симболично го претставува приближувањето кон Бога, на големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

За мене претставува едно задоволство кога нашите сограѓани ја пренесуваат и продолжуваат убавата традиција, обичаите и сето она што е врзано со одбележувањето на празникот Курбан Бајрам. Ние како локлана самоуправа секогаш сме тука да помогнеме ваквата културна и религиозна традиција да продолжи и во иднина бидејќи ќе напоменам дека тука навистина се споделуваат оние човечки вредности

Фаик Бајрами ја изрази својата благодарност до градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа за поддршката на овој настан. Тој истакна дека денес секој муслиман на некој начин помага онаму каде што е најпотребно.

Знаеме кое семејство е посиромашно и на нив и поделуваме. Секој пакет има околу 8 килограми месо. Се што гледаме овде е собрано од луѓе, муслимани од Охрид. Секој не може да дојде но тој што доаѓа гледа и на некој начин помага. Некој дава средства, некој помага некој дели. Многу ни помогна и градоначалникот на Охрид со материјална помош“

Празникот Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитер Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.