Skip to main content

АД Галеб Охрид од понеделник ќе наплатува и на основците

Од Галеб АД Охрид до нашата редакција испратија соопштение со кое сакаат да ги информираат учениците и нивните родители дека од 4ти септември, понеделник, односно, од почетокот на школската година, не ќе се во можност да вршат бесплатен ученички превоз.

 |  Николоска Биљана  | 

Ви го пренесуваме соопштението во целост:

Би сакале да ве информираме дека од 04.09 2017 година, нe по наша вина, не ќе сме во можност да вршиме бесплатен ученички превоз бидејки договорите за превоз на ученици од основните училишта се истечени од 10 06 2017 а постапките за набавка на услуга-превоз се поништени, па Галеб АД Охрид доби барања од Основните училишта во Општинава ДА СЕ УСКРАТИ БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ НА УЧЕНИЦИТЕ-ОСНОВЦИ.

Поради тоа, а со желба да избегнеме непријатни ситуации и инциденти ги информираме сите родители и сите ученици на кои им следи таков превоз дека Галеб АД Охрид од понеделник 4-ти Септември превозот на ученици ќе го наплаќа по редовни цени како и за сите други патници. Исто така, апелираме и до Основните училишта да ги информираат своите ученици и нивните родители за новонастанатата ситуација.