Skip to main content

Охридските земјоделци и овоштари бројат загуби од годинешната реколта на храна

Охридските земјоделци и овоштари бројат загуби од годинешната реколта на храна. Повеќе од половина од  житните и градинарските култури се уништени.  Земјоделците повикуваат во иднина за спасот од сушата  да интрвенираат институциите со     изградба на мини акумулации за наводнување на земјоделските и овоштарските површини.  

 |  Валентина Неловска  | 

Незапаметена летна суша во охридско го пеплоса годинешниот род на земјоделските култури. Повеќе од половина од родот со житни и градинарски култури е уништен, кажуваат земјоделците за годинешната лоша реколта од летнината.


„ Од Долно Лакочереј нагоре се паднати водите и овошките останаа без вода. Сушата ќе се одрази и за идната година негативно врз развојот на растенијата и родните папки. Кај житните култури е слаб родот, а за градинарските култури кој – како имал услови за наводнување. Родот е помал заради екстремните високи температури ова лето“, вели охридскиот земјоделец Ванчо Стојаноски.

За престојната есенска сеидба дождот кој падна деновиве не е доволен за потребната влага во земјата , вели Стојаноски. Потребни се од 80 до 100 литри дожд за земјоделците да ги направат подоготвките за нова сеидба. Стојаноски вели експертите укажуваа подолго време дека сушата е голема закана за производството на храна. Спасот го гледаат во изградба на мини акумулации, кој кај нас сеуште ги нема. Макоеднија засега има иагрдено 50 тина акумулации за поризводство на електричан енергија, но и за наводнување на змејодлескиет површини. Оваа бројка на акумулации не е доволна за спас на летнината , вели Стојаноски. Тој го посочува примерот со Чешка каде што се изградени 4500 мини акумулации во кои рационално се прибираат сите помали или поголеми водотеци. Државата кај нас треба посериозно да гледа на решавање на овој проблем.
„Имаме институт и факултет за земјоделие , има Академија на науки и уметности, сите да се ангажираат за наоѓање на решение. Македонија е богата со вода ако рационална се користи, треба добра волја и инвестиција која многу кратно ќе се врати. Една земја која има услови за произведодство на храна за свотео население помалку е ранлива економски и политчки и има храна со контролирано потекло“, ги набројува Стојаноски поволностите од изградбата на мини акумулациите.


Стојаноски укажува и на потребата од поголема присутност на инспекциските служби на терен.Тој вели дека сеуште некои охридски земјоделци користат нерациоално вода од речните водотоци за наводнување на посевите од бразда.