Женскиот вокален етно состав „Езерки“ во Охрид
Женскиот вокален етно состав „Езерки“и оркестарот 7/8, како дел од Хрватско-македонското друштво од Загреб, Република Хрватска, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, ќе одржи мини турнеја во неколку градови во Македонија.

Работејќи повеќе од 22 години, етно составот Езерки и оркестарот 7/8 ја негуваат македонската традиционална и староградска музика.
Вториот концерт ќе се одржи во НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид на 16 септември 2017 со почеток во 19:30 часот, каде воедно ќе биде прикажан и документарниот филм под наслов “Лудуваме за Македонија”.
Дојдете и слушнете песни како “Македонско девојче”, “Ако умрам, ил загинам” или пак “Битола, мој роден крај”. Влезот е бесплатен!