Еколошка катастрофа се случува на Коселска река
Еколошка катастрофа се случува на Коселска река. Години наназад сушата , несовесноста на граѓаните и институциите дозволуваат да секне водата по нејзиното течение со бесправно подигање на брана за наводнувањ кај Косел. Долното речно корито кај с.Орман е суво и без минимум биолошка вода и се уништува живиот свет во реката која се влева во Охридското езеро.
На Коселска река и се случува еколошка катастрофа. Во долниот дел од речното корито кај с. Орман нема минимум биолошка вода за опстанок на живиот свет. Еколозите и риболовците од РД Св. Апостол Петар посочуваат дека еко катастрофата се случува неколку години наназад посебно во летниот период. Прстот го вперуваат во несовесното однесување на некои коселчани и во затајување на работата на инспекторските служби.
„Во Косел е изградена брана и водата се пренасочува за наводнување. Ние и еколозите реагиравме и порано да се сруши но досега нема разбирање и тоа нанесува несогледливи последици на целата флора и фауна и ќе треба десетици години да се надмине тоа“, вели претседателот на РД „ Св Апостол Петар“.
Покрај екстремната суша виновни сеи неажурните служби и несовесните жители кои бесправно подигаат брана со која се пренасочува водата за наводнување на земјоделските посеви и го прекршуваат Законот за води. Ние разбираме да се даде приоритет на вода за пиење , но за наводнување не. Мора да се обезбеди биолошки минимум бидејќи рибите се национално добро институциите треба веднаш да реагираат, повикува Радослав Димитриески.
„Мора под итно, апелираме преку вашиот медиум, да се разбуди јавната свест и кај локалната власт која надлежна во овој сегмент и кај централните власти за да се надмине овој проблем да се срушат браните на Коселска река и на сите реки“, вели Димитриески.
Еколошката катастрофа има последици и по Охридското езеро бидејќи се нарушува целиот еколошки синџир на храна. Коселка река носи талог во езерото но е богата и со хранливи материи за рибите. Ракот почна да се враќа во Коселска и Сатеска река, но со ваквите состојби повторно ќе се уништи, апелира Радован Димитриески.
ТВМ Телевизија контактираше различни министерства и инспекторати на државно и локално ниво, но сите се оградуваат и се прогласуваат за ненадлежни. Оваа состојба сериозно го доведува во прашање спроведувањето на Законот за води и неговите измени од пред 4 години.