Верифицирани мандатите на новите советници во Струга
Рамиз Мерко и официјално го започна својот втор градоначалнички мандат.
советници
27- те избрани струшки советници денес и официјлно седнаа во советничките клупи. Од страна на членовите на Општинската изборна комисија им беа доделени решенијата за верификација на нивните мандати.
Како што е познато: во советот на општина Струга, најголем број советнички места има ДУИ.
„Првенствено ќе се залагаме за подобра иднина на младите“, рече Џеваир Беќири- советник од ДУИ.
Втори по бројност се советниците од редовите ВМРО- ДПМНЕ со 6 советнички места. Како што потенцира советникот Момчило Аврамоски, во своето работење, приоритет ќе стават на подобрувањето на меѓунационалните односи.
На решавањето на проблемите од областа на инфраструктурата и урбанизмот ќе стават акцент советниците од ДПА кои во струшкиот совет имаат 4 претставници.
Во струшкиот совет со по три претставници учествуваат и партиите: СДСМ и ПЕИ, како и Нова демократија со две освоени советнички места.
Денес му беше врачено и решението за обавување на 4 годишниот градоначалнички мандат, на старо- новиот прв човек на градот, Рамиз Мерко.
„ Во рамки на нашите можности, ќе се залагаме за што поуспешна соработка и соживот во општината, а се во интерес на подобрата иднина на жителите на оваа општина“, рече Мерко.

{loadposition content9}