Skip to main content

Запуштена плажа и околина во населбата Далјан

Запуштена плажа и околина во населбата Далјан. Со години жителите и туристите бараат, но не добиваат подобра комунална хигиена и инфраструктура. И понатака на брегот нема клупи ни осветлување, нема патека со које ќе се поврзуваат населбата и хотелот Далјан и извидничкиот центар. Расфрлани отпадоци и нехигиена владее на плажата, а во езерскито брег завршиле  бетонски плочи опасни за капачите.

 |  Валентина Неловска  | 

Поминува уште една летна сезона ,а за туристите и жителите од населбата Далјан и годинава ќе остане со истата слика запуштена околина и плажа. Tие издејствувале да се постават неколку канти за отпадоци на плажата но досега никој не ги празни. За постaвување на клупи за одмор или осветлување на крајбрежјето жителите од оваа населба ќе чекаат до некоја следна сезона. Во мирната населба Далјан која е сместена на североисточното крајбрежје на езерото во лето одмараат повеќе од 10.000 туристи. Меѓу нив е Томислав Спасески од Минхен, Германија. Уметникот Спасески три месеци во лето поминува во Далјан и не седи на плажа само со скрстени раце. Се грижи за езерото и околината. Собирајќи дел од камења кои несовесни граѓани ги фрлиле во езерските води направил уметничка инсталација и ја нарекол „ Живот на вода“, како реакција на се она што се случува околу него.


„ Од еколошки аспект,за  чистота  е катастрофа.Луѓето се несовесни фрлаат се и сешто на плажата и во езерото.  2-3 пати со кеси собирам смет ги носам во кантите. Онаа плажа ја средив , ми помогна еден сосед со количка ја исчистивме да е пристојна за луѓето беше во катастрофална состојба. На луѓето им препорачувам да бидат посовесни, а властите да вршат контрола затоа што луѓето фрлаат отпад што не е за тука, “ посочува Спасески.


Стојан Стојаноски, жител на Далјан и еден од првите основачи на ЕД „Грашница“, раскажува за опасните камени блокови кои се исфрлени во водите на езерскиот брег. Во повеќе наврати сме се обраќале до надлежните со барање да се исчистат затоа што може некој да настрада.  но досега ништо не е преземено, напоменува Стојаноски.

„Се плашам ,а луѓе кажуваат како се повредуваат на шипките и бетонските блокови. Повиканите досега не можеа да ги исчистат, но сега езерото е повлечено и се гледаат фрлените блокови. Излегоа на виделина и додека езерото е намалено да се одстранат“, повикува Стојаноски.

Ова не е единствениот проблем на кој реагираат жителите и туристите од Далјан. Тие со години бараат, но нема кој да ги слушне нивните потреби за подобра комуналната хигиена и инфраструктурата. На брегот нема клупи за одмор, а нема ни осветлување во вечерните часови. Мислена именка е патека во должина од 200 метри за да ги поврзе хотелот Далјан и извидничкиот центар со населбата . Во овие два објекти престојуваат многу туристи од целиот свет , напоменува Стојаноски на кои им е ускратено задоволството да ја користат неодамна уредената патека низ шумата над Лабино, вели Стојаноски.

„Посебно реагираат на тоа што не може да поминуваат низ таа патека и да одат до плоштадот туку мора да ја користат оптеретената улица Гоце Делчев. Тоа го бараат гостите од Далјан“, раскажува Стојансоки.

Стојан Стојаноски од населбата Далјан незаборава да го посочи руинираниот и запуштен хотел Магнус. Стојански вели надлежните дозволуваат објектот да биде нашт срам кој одава антитуристичка слика за градот.