Замена на старата дограма е најприоритетно за повеќето охридски основни училишта
Замена на старата дограма е најприоритетно за повеќето охридски основни училишта. Некои имаат потреба од замена на азбестниот кров, како и реконструкција на старите училишни згради и внатрешноста. Повеќето од охридските училишта се изградени пред 4 децении.
На врвот од прироитетните листи во повеќето основни училишта во градот е замена на дотраената дограма. Поставување на современи врати и прозори е приоритет за менаџерите на училиштата кои успеавме да ги исконтактираме.
Силвија Мојсоска директор на ОУ Григор Прличев ја нагласува оваа потреба ,а кажува дека за старата училишна зграда која претрпела помали ошетувања во јулскиот земјотрес добиле препораки да се реконструираат ходниците и ѕидовите. Потреба има и од промена на подни плочки во двете училишни згради, напоменува Мојсоска. Во една од најстарите училишни згради во општина Охрид, на ОУ Братсво и Единство, во тек е постапка за реконструкција на штетите од земјотресите направени на влезот во школото. Не успеавме да го контактираме директорот на училиштето за да дознаеме што друго е приоритетно на листата за двете училишни згради во Лескајца и Крст Џамија.
Тони Симоноски од ОУ Христо Узунов , како и колешката Мојсоска, кажува дека на листата со приоритети покрај замената на дограмата им е обнова и на кровот.
„ Како приоритет ни е замена на кровната конструкција која е со азбестен кров, како и дограмата со коај ќе заштедиме на топлинска енергија ј и ќе се проветруваат училниците“, подвлекува Симоноски .
Промената на дограма е на списокот на зафати и врз школската зграда на ОУ „СВ Климент Охридски“, кое е едно од поново изградените училишни згради, напоменува директорот Јордан Пуроски.
„Догармаат е дотраена од 1979 година и е дрвена столарија.Еден од главните приоритети е нејизна замена со ПВЦ со што ќе се подобри амбиентот во училиштето и ќе се заштеди при греењето“, вели Пуроски.
Повеќето основни училишта во Охрид се изградени пред повеќе од 4 децении. Менаџерите на школите за да ги подобрат условите за работа во своите објекти интервенираат со сопствени средства, со пари од општините и од Министерството. Во последните десет години во оптина Охрид нема изградено ни едно ново основно училиште или детска градинка.