Се сумираат резултатите во туризмот
Се сумираат резултатите во туризмот во од посетеноста и оставрените ноќевања
Охридските хотелиери задоволни од летната туристичка сезона. Побарувачката на соба повеќе во јули и август укажува на потребата од изградба на нови хотели, подвлекуваат хотелиерите. Задоволни се од тоа што на охридското крајбржје се враќаат и домашните гости.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2017 година изнесува 153 435, а бројот на ноќевањата изнесува 584 014.Бројот на туристите во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 18.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.9%.
За охридските хотелиери овие податоци се мошне позитивни и се задоволни од летната туристичка сезона и покрај земјотресите кои во од крајот на јуни до јули го тресеа охридскиот регион, а многу туристи го напуштаа градот.
„Се согласуваме со бројот имавме раст од 12 до 13 посто и покрај земјотресите успеавме да го постигнеме тоа. Имавме жешко лето, а во околните земји како што е Грција цените се покачија и бевме добра дестинација“, вели Крсте Блажески претседателот на Хотам.
Бројот на домашните туристи во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 3.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 32.8%. Во поглед на остарените ноќевања домашните туристи во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, бројот е зголемен за 4.4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е во пораст за 26.8%. Блажески е задоволен и од бројките каде што домашните туристи се враќаат на охридското крајбржје.
„Оваа година имаше и домашни гости. Тоа се должи на тоа што во Грција поскапе приватното сметување, беше поефтино минатите години, а сега Охрид го посетуваат. Се прави позитивен тренд иако тоа не доволно. Сега е во тек проект за семејствата со ниски примања да можат да остварат одмор во домашните хотели кои ќе го субвенционира Владата“, укажува Блажески.
Крсте Блажески претседателот на Хотам во поглед на хотелските капацитети нагласува дека се мали. Во последните 2 децении не е изграден нов хотелски капцитет туку се реновираат помали стари хотели. Блажески апелира да се изработи Детален урбанистички план на брегот на Охридското езеро кој ќе го потикне интересот кај хотелиерите за градење на нови хотели.