Тилевски: Паркот кај „Студенчишта“ ќе биде ново препознатливо место во Охрид
Парковите се лицето на градот и затоа ќе работиме на нивно доуредување, истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ др Митко Тилевски. Тој рече дека како поборник за здрава животна средина, паркови и зеленило ќе настојува да се изгради нов парк кај каналот Студенчишта со содржини во кои гостите и охриѓани ќе поминуваат дел од своето време, а ќе има и парк за миленици.
Паркот кај каналот „Студенчишта“ ќе биде новото атрактивно и препознатливо место за Охрид, најави кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Митко Тилевски на денешната прес конференција. Со цел дооформување и разубавување на делот околу Охридското Езеро, овој потег ќе биде уреден во достоинствено катче за одмор и релаксација на нашите сограѓани, вели Тилевски.
„Изградбата на новите атрактивно пешачко-рекреативни патеки од мостот кон Хотелот Парк и од Котва до Билјанини Извори несомнено наметнаа потреба на просторот од пресекот на улиците „Кеј Македонија-АСНОМ“ до ресторанот „Котва“, да се изгради нов парк со содржини во кои гостите и охриѓани ќе поминуваат дел од своето време. Модерно хортикултурно-уреден простор оплеменет со клупи за одмор и релаксација и чешми во автентичен стил. Во рамките на овој парк ќе има парк за миленици“
Д-р Тилевски смета дека со уредување на парковите на влезовите на Охрид ќе се придонесе за разубавување на просторот на самиот влез на градот.
„Јас сум убеден дека ја препознавате нашата визија, новата ера за Охрид! Почнува ново утро, доаѓаат нови победи! Подобри денови за охриѓани. Имаме одлична програма и ја гледате разликата! Затоа бројот 13 е единствениот избор за светла иднина на Охрид. Со заокружување на бројот 13, со верба во вас, секогаш работа, секогаш Охрид, секогаш Македонија“
Кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ, истакна дека уредувањето на зелените површини во корелација со подигнување на свеста за зачувување и одржување на јавните паркови и зеленила, резултираат со формирање на пријатни катчиња за одмор и релаксација на охриѓани и туристите.