Манифестацијата „ За посреќно детство“ масовно прифатена од охриѓани
Манифестацијата „За посреќно детство“ масовно прифатена од охриѓани. Преку спорт, забава и дружење децата се едуцираат за оралното здравје, а со купување на учеснички број манифестацијата добива хуманитарен и награден карактер.
Манифестацијата „За посреќно детство“ од година в година добива се поголема поддршка од охриѓани. Во неа се вклучуваат и децата и родителите, но и други помагатели и спонзори. Со спорт, забава и дружење се спојуваат едукција, хуманост и наградување, вели Сашо Точков претседател на ОО на ЦК и организатор на настанот. Сите оние кои сакаат да ја поддржат оваа манифестација тоа можат да го направат со купување учеснички број кој чини 30 денари и да помогнат во хуманитарниот дел од настанот.
„Средствата собрани од продажбата ќе се наменат за помош на деца од социјално загрозените семејства кои имат здравствени проблеми во текот на 2017 и 2018 година“, напоменува Точков.
Манифестацијата „За посреќно детство “ има многу поддржувачи, фирми и поединци. Поддршка има од Сојузот на училишни спортови и асоцијацијата Спорт за сите, сите за спорт. Меѓу општествено одговорните компании и фирми во последните 6 години е вклучена и стоматолошката ординација д-р Баткоски. Заедно со ЦК осмислуваме нови содржини привлечни за децата и придонесуваме за поголема едукација за здрави заби и убави насмевки, вели д-р. Баткоски.
„Едукацијата и ваквите настани придонесуваат да се крене нивото на оралното здравје. Децата се анимираат со цел забите да се чисти и да се постигнат добри резулатати. Свеста од година во година е поголема и нивото на хигиена е поголемо“, кажува д-р Баткоски.
Граѓните кои не се вклучија во денешната манифестација За посреќно детство тоа може да го направат во претстојните денови со купување на учеснички броеви во седиштето на ОО ЦК. Со тоа, тие истовремено земаат учество и во наградното извлекување на ТВМ Телевизија на 21 октомври каде ги очекуваат многу вредни награди меѓу кои и 7 дневено зимување на Златибор.