Skip to main content

Одржана последната седница на охридскиот совет

Одржана последната седница на градскиот совет. Охридските советници се задоволни од сработеното во изминатите  4 години. Во текот на мандатот за доброто на охриѓани донесле повеќе од 2600 одлуки.  

 |  Валентина Неловска  | 

По 4 и пол години мандат охридските советници, денес, ја одржаа последната седница. Усвоија две точки на дневен ред меѓу кои предлог одлука за отпишување на комјутерите и усвојување на заклучокот за работата на советот за периодот 2013 -2017 година. Претседателката на советот Гордана Коњаноска упати благодарност до сите советници за конструктивната соработка за 76 одржани седници и на само една одложена. Коњаноска подвлече дека не треба да се бараат забелешки во заклучокот за работата на советот затоа што при работењето на некои граѓани им се прават позитивни и негативни импликации во животот, но по заваршување на мандатот,  важно е да не се срамат од она што го сработиле со оглед на политичката клима во која работеле.

„ Најголем дел од мандатот го сработивме во тешка и долга политичка криза во државата која без сомнение правеше реперкусии не на техничкиот дел туку во атмосферата во која функционираше политичкото тело како што е советот на општина Охрид“ , рече Коњаноска.

Јоне Станкоски , советник од ВМРО НП, со три мандати во советот, им се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба за да ја обавува оваа функција. Од овие години кога сум во советот се надевам дека не ги разочарав граѓаните со своето работење секогаш може и повеќе, но тие ќе се сведоци како сум работел и се залагал. При тоа го кажа неговиот впечаток што недосувало во текот на последниот мандат.

„Мала разачараност сметам дека има потреба од поголема дебата за донесување поквалитетни одлуки кои пак значат и поквалитетен напредок за општина Охрид“, рече Станкоски.

За работата на градскиот совет свое видување даде и градоначалникот Никола Бакрачески. Во текот на 4,5 години споделивме спротиставени мислења и ставови застапувајќи ги принципиелно своите гледишта, рече во обраќањето Бакрачески.

„Некогаш може се каравме , го повишувавме тонот, но граѓаните нема да ни го земат тоа за зло. Имаше и убави моменти на носење заеднички одлуки исправни и корисни за граѓаните на Охрид“, рече Бакрачески.

Во текот на мандатот за доброто на охриѓани, градските избраници донесле повеќе од 2600 одлуки, изгласале нов деловник за работа како и нов општински грб и знаме.