Тилевски: Вложуваме во спортот преку изградба на детски игралишта и спортски терени
Инвестирањето во спорт за сите генерации секогаш е неопходно за здрав и правилен физички развој, истакна д-р Митко Тилевски кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. Во таа насока тој најави изградба на нови детски игралишта како и реконструкција на неколку спортски терени во општина Охрид.
Вложувањето во спортот е највредна инвестиција корисна за сите граѓани. Тоа го покажува досегашната практика на инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации и за правилен физички развој, истакна д-р Митко Тилевски, кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, на денешната прес конференција промовирајќи го проектот Изградба на спортски и детски игралишта.
„Изградба на спортско и детско игралиште со уредување на околниот простор во Елшани. Изградба на спортско игралиште опремено со реквизити за фудбал, кошарка, ракомет и осветлување според најсовремени спортски стандарди, изградба на игралиште опремено со детски реквизити во рамки на основното училиште. Спортско и детско игралиште во Долно Коњско. Изградба на спортско игралиште опремено со реквизити за фудбал, кошарка, ракомет како и осветлување според најсовремени спортски стандарди“.
Покрај изградбата на нови детски игралишта опремени со потребните реквизити, д-р Тилевски најави и реконструкција на спортските терени на ниво на општина Охрид.
„Реконструкција на повеќенаменско спортско игралиште во Пештани. Целосна реконструкција на постојното спортско игралиште и изградба на трибински простор како и осветлување според најсовремени стандарди. Изградба на балон сала и повеќенаменско спортско игралиште во Урбана Заедница „Железничка“. Изградба на спортски балон за фудбал со вештачка трева и повеќенаменски терен со сите реквизити во населбата Железничка“.
Д-р Тилевски истакна дека охриѓани ја препознаваат нивната грижа посветено да работат за граѓаните како нивен долг и обврска и побара поддршка за 13 и Новата Ера.