Skip to main content

Тилевски: Со сериозна стратегија за развој на туризмот во Охрид

Претставена програмата за туристичкиот развој на Охрид на Митко Тилевски кандидатот за градоначалник на Вмро Дпмне и Коалицијата. Со сериозна стратегија предлага развој на туризмот. Во програмата меѓу проектите презентира поголема медиумска промоција на градот на туристичкиот пазар, отварање на туристичко инфромативно биро и креирање на нови туристички пакет аранжмани.

 |  Валентина Неловска  | 

Во Програмата за туристичкиот развој на Охрид на Митко Тилевски кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне и Коалицијата, ги претстави проектите за привлекување на што поголем број туристи. Тилевски најави продолжување на промоцијата на Охрид на светските медиуми за перманентно зголемување на бројот на странски и домашни туристи.

„Охрид и неговиот потенцијал и понатаму ќе биде промовиран во повеќе европски градови преку таргетирана промоција на која пред поканети туристички работници (туроператори, агенции, хотелиери и сл.) и локални и национални медиуми, амбасади и претставници на властите ќе бидат промовирани туристичкиот потенцијал и производ на градот, сместувачките капацитети и целокупната понуда, напомена Тилевски.

Како иден градоначалник најавува отварање на туристичко инфромативно биро, креирање на нови туристички пакет аранжмани, како и традиционално одржување на музичката манифестација Охрид calling и на туристичката „Промотивна тура“.


„Меѓународната соработка ќе оди во насока на Континуирана туристичка промоција на Охрид. Релациите кои општина Охрид ги одржува и гради со збратимените градови и со градовите со кои заедно аплицира, како и таргетираните дестинации во кои се врши промоција на градот Охрид, ја јакне меѓународната соработка и ја зголемува довербата кај сите“, кажа Тилевски.

Митко Тилевски, кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне и коалицијата, посочи интензивирање на меѓународна соработка. Локалната самоуправа и понатаму ќе ги засилува контактите и соработката со институциите од соседните држави во насока на заедничка соработка и комуникација со цел подготовка, аплицирање и имплементација на што поголем број на проекти во европските фондови и програми во делот на образованието, културата, спортот и заштита на културното наследство.