Охрид со низа активности го одбележува 11 ти октомври
11 Октомври е ден од Македонската историја, кој не само што е симбол на Македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност. Граѓаните на Охрид си спомнуваат за нивниот придонес во втемелувањето на македонската државност преку Народноослободителната војна.
Да го сочуваме нашето и да се стремиме кон доброто, порача градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески на свечената седница посветена на 11 ти октомви, денот кога го славиме македонскиот непокор. Тој рече дека денес горди на визијата, храброста и пожртвуваноста на основачите на македонската револуционерна борба, уште еднаш силно го чуствуваме нивниот слободарски дух и чекориме сигурно по заветот што ни го оставија, завет кој се темели на исконската желба за слобода и независност на Македонија.
„Охрид бил дел од историските настани кои ја одредиле иднината на македонскиот народ испишувајќи ја на таков начин сопствената историја и неспорниот придонес во градење на европската цивилизација. Во својот повеќедецениски слободарски од, градот доживотно креира, национален, социјален, културен и научен развој кој го продолжуваат неговиот сјај на културна и духовна метропола на македонскиот народ и воопшто на сесловенскиот свет. И покрај сите специфики во времето во кое живееме и сложеноста на состојбите во кои се наоѓаме“.
Во чествувањето на денот на востанието на македонскиот народ и денот на борецот пред присутните се обрати и Гоце Георгиевски претседателот на Сојузот на борците на Охрид и Дебрца. Тој истакна дека сега кога имаме самостојна македонска држава и живееме слободно, она што генерациите на нашите предци само го сонувале, нашата најголема одговорност е да не дозволиме нивните жртви да станат залудни.
„11 Октомври 1941 година е денот кога започна единственото непоразено востание, кое претставува врвен израз и логичен продолжеток на револуционерните и слободарските традиции на македонскиот народ изразени на претходно сите бурни востанија.
Македонскиот народ во тие судбоносни моменти се определи за борба против ропството, фашизмот заено со светската антифашистичка коалиција, борба за остварување на вековниот сон за национална слобода и независна држава“
Георгиески рече дека храброста се покажува тогаш кога животот се дава за својата татковина, но храброста се покажува и тогаш кога треба да се живее за неа.
Минатото го паметиме историјата ја почитуваме а иднината заедно ја градиме чесно и таа им припаѓа на сите оние кои што имаат чисто срце и јасна цел, додаде тој.
На свечената седница по повод одбележувањето на 11 октомври денот на востанието на македонскиот народ имаше и културно уметничка програма.