Skip to main content

Охридскиот центар за јавно здравје со мобилни екипи ќе врши имунизација против сезонски грип

Центарот за јавно здравје воведува  новини во вакцинирањето против сезонски грип. Мобилни екипи ќе вршат имунизација бесплатно во домовите на старите,  немоќни лица и инвалидите. Хумани охриѓани донираа бесплатни вакцини против сезонски грип за социјално загрозени лица. 

 |  Валентина Неловска  | 

Охридскиот центар за јавно здравје обезбеди 3000 вакцини против сезонски грип. Од нив 1500 се наменети за Охрид ,а останите 1500 за Струга и Дебар. Центарот годинава воведе новина, со претходно закажување на термини во домашна посета бесплатно ќе се врши вакцинирање за граѓаните кои неможат да дојдат во просториите на епидемиолошкото одделение во Центарот, информира Сашо Точков директор на ЦЈЗ. 

„ Мобилни екипи на ЦЈЗ да ја направат имунзиацијата поефикасна за телесните инвалиди и немоќните лица , наши екипи ќе одат по домовите по 30 октомври и ќе вршат вакцинирање“, информира Точков.

Охриѓани се повеќе покажуваат интерес за вакцинирање против сезонски грип. Најчесто се вакцинираат хроничните болни и лицата над 65 години. Но, има и охриѓани кои се хумани и обезбедуваат вакцини против сезонски грип за сограѓаните кои неможат да си го дозволат тоа, вели Точков.

„Има хумани луѓе кои сакаат да обезбедат вакцини против сезонски грип за немоќни, стари лица но и за социјално загрозени. Таков е познатиот охридски угостител Љупчо Патчев кој издвои средства од црквичката кај Лагадин за да обезбеди 30 вакцини за најзагрозените лица на кои им е најпотребна вакцината“, вели Точков.


Најмал интерс за имунизација против сеознски грип и понатљка има кај здравствените и образовните работници, шалтерските работници, полицијата и војската. Од центарот за јавно здравје најавуваат во иднина поголема едукативна кампања за превенција од сезонски грип со примена на имунизација.