Се одржа „Оhrid sailing cup“
Се одржа „ Оhrid sailing cup“. Во три трки се натпреваруваа шеснаесет екипи. Здружението за спортови на вода Акватика јахтинг има планови купот да прерасне во манифестација препознатлива за Охрид и развивање на едрењето и наутичкиот туризам. Еден од условите за поглем развој на едриличарството во градот е изградба на долго очекуваната марина.
16 екипи од Охрид , Струга и Скопје учествуваа на Оhrid sealing cup. Едрењето имаше натреварувачки карактер, а меѓу едриличарите за прв пат се натпревруваше и женски екипаж од Скопје. Се пловеше на потегот Пристаниште – Канео – Куба Либре – Пристаниште. Стевчо Ставрев претседател на Здружението за спортови на вода Акватика јахтинг укажува на нивните идни планови.
„ Тенденција е „ Оhrid sailing cup“ да прерасне во манифестација препознатлива за Охрид. Развивање на едрењето , на наутичкиот туризам и искористување на најнеискористениот спортски терен во РМ, Охридското езеро. Се надеваме дека и другите спортови на вода ќе го следат нашиот пример и ќе се активираат на истито начин“, вели здруженеито за спортови на вода Акватика јахтинг
Ставрев посочува дека градот нема марина , проблем битен за едрењето, а на кој чекаат да се реши веќе 26 години. Со оваа констатција се согласува и Горан Устијаноски , капетан на Капетанија на Пристаништа на РМ. Тоа е слаба страна на Охрид што со години не се решава проблемот со изградба на пристаниште за сместување на пловните објекти , на едрилиците и на другите пловни објекти.
„ Една од опциите е доградба на пристаништето со 2 крака , но и преуредување на каналот кој може да биде технички издржано решение во однос на безбедна, сигурна , економска оправдана инвестиција или како државата направи марина каде што би се дебатирало каде да биде изградена. Ова е горливо прашање кое треба да се реши со приоритет“, подвлекува Устијаноски.
Во охридската капетанија досега има 30 регистрирани едрилици со различни димензии , пловила кои не го загадуваат езерото. Едриличарството како еко спорт треба да се додаде во туристичката понуда на градот а регатите не се настан само за учесниците, тие се уживање и за граѓаните и туристите. Белите едрилици во водите на езерото денеска беа вистински празник за очи.