Skip to main content

Охридскиот тим за спасување на планина се опреми преку проект од ИПАРД фондовите на ЕУ

Тимот за спасување на планина и непристапни терени ги прави подготовките за делување оваа  зима. Службата за спасување ќе делува со специјална опрема и возила, а  опремата е проект добиен од  Ипард фондовите на ЕУ.  

 |  Валентина Неловска  | 

Спасителите на планина и непристапни терени забрзано се подготвуваат за делување во престојниот зимски период. Тимот функционира во рамките на ОО ЦК и забрзано ги подготвуваат планинарскиот дом и пунктовите на планината Галичица. Конечно, оваа зима тимот за спасување ќе функционираа со целосна опрема. Опремата е добиена преку проект од Ипард фондовите на ЕУ, а аплициран со партнери од Албанија. Проектот ќе почна да функционира од ноември 2017 година , информира Сашо Точков претседател на ОО ЦК.


„ Вклучува изработка, подготовка, опрема и опремување на целосна служба и станица за спасување на планина и на непристапни терени која 24 часа ќе го покрива реонот на Охрид, Струга, Дебар и Вевчани. Екипите ќе бидат подготвени да интервенираат , подготвени со специјалан опрема и возила“ , кажува Точков.

Тимот од спасувачи на планина брои 30 лица, од кои 8 се алпинисти и 22 -ца искусни планинари кои одлично ги познаваат вештините за спасување и извлекување, давање прва помош. На екипата за спасување на планина на непристапен терен долго време и недостасуваше опрема, но тие со нивната мобилност и оперативност во многу ситуации покажаа дека се ефикасни, напоменува Точков. Додава дека тимот е темел за она што сакаат  да го направат за охридскиот туризам и за потребите на туристичките агенци.

„ Посериозни интервенции во Охрид и струшкиот реон годишно има 2-3. Можеби бројот не е многу голем, но промовирањето на планинскиот и алтернативниот туризам носат ризици па туроператорите прашуваат дали имате план и систем за безбедност и евакуција на планинари, велосипедисти или параглајдеристи“, вели Точков.

Проектот ќе се спроведува во текот на две години во Охрид и регионот, а екипата ќе биде подготвена за делување во текот на 24 часа во денот.

ОО ЦК работи и за опремување на Центарот за вода и спасителите на вода од македонската и албанската страна.