Јованоски: Охрид да биде отворена и услужна општина
Кандидатот за советник од СДСМ и коалицијата, Филип Јовановски на денешната прес конференција, нагласи дека, нивна цел била Охрид да биде отворена и услужна општина за сите. Граѓаните да добиваат побрзи и поквалитетни услуги од јавната администрација. Затоа предвиделе развојот на Охрид да биде со максимална употреба на паметните технологии.
Охрид да биде отворена и услужна општина, била една од главните цели на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“, истакна кандидатот од оваа советничка листа, Филип Јовановски, на денешната прес конференција. Јованоски рече дека во нивната програма предвидено било развојот на Охрид да биде со максимална употреба на паметни технологии, со што ќе се овозможело граѓаните на Охрид да добиваат побрзи и поквалитетни услуги од јавната администрација.
„Паметниот урбанистички развој на градот обезбедува максимален квалитет на живот со минимално трошење на ресурсите. Сето тоа го правиме со користење на информациски технологии со кои ќе се воспоставуваат современи одржливи форми на комуникација и мобилност“
Јованоски рече дека најпрво потребно било да се направи институционална рамка за паметен урбан развој на градот, односно отварање на канцеларија за координација на сите градски услужни дејности, каде сите услуги би се добивале на едно место. А исто така потребно било да се ангажираат еминентни стручњаци од сферата на урбанизмот и архитектурата од земјата и странство. Јованоски нагласи дека посебен дел во организирањето на паметниот урбан развој ќе има проектот за воведување на географски информациски систем.
„Со неговата имплементација излегуваме во пресрет на потребата на граѓаните од побрза, подобра и поефикасна одлука од страна на општинската администрација за подобрување на услугите и намалување на трошоците. Системот ќе содржи географски лоцирани бази на податоци за територијата на општина Охрид кои ќе бидат подобрени за користење во главните сфери на интерес и за различни намени. Системот ќе содржи дигитализирани податоци за урбаните единици, улици, градежни парцели, подземен катастар, комерцијални објекти и транспорт. Локалната самоуправа овие податоци ќе ги користи за управување со земјиштето, имотната сопственост, наплата на таксите и други услуги, додека јавните претпријатија за управување со инсталациите, објектите, услугите и наплатата“
Создаваме отворена, достапна и услужна, општина за сите, нагласи Јовасноски.