Колекторскиот систем, изградба на марина и екологијата, теми на пресот на кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ ТилевскиЗаштита на езерото марина
Заштита на Охридското езеро, плажите, марината и градското зеленило , тема на денешниот прес на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Митко Тилевски.
Рехабилитација и надградба на колекторски систем, пречистителна станица и фекална канализација во Трпејца , Рехабилитација, реконструкција и доградба на канализациона мрежа за собирање на отпадните во Охридскиот регион, најави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Митко Тилевски. Со цел заштита на водите во Охридското Езеро, изготвена е студија на изводливост од врвни експерти и утврдени се приоритетни активности, кажа Тилевски.
„Согласно утврдената динамика на приоритетност, ќе се преземат активности за изградба на резервоар за првично собирање на отпадните води на брегот на езерото и ќе се создадат услови за почеток на санација на првичните 31 км од канализационата мрежа на примарниот колекторски систем воведувајќи нова технологија, без ископ. Подготвена е проектна документација за надградба на пречистителна станица за отпадни води во Враништа, проширување на колекторскиот систем на Охридското Езеро и одвојување на фекална и атмосферска канализација за градовите Охрид и Струга“
За да се задоволат потребите за сидрење на бродови и рекреативни пловни објекти Тилевски најави изградба на марина со најсовремена инфраструктура, и додаде дека за реализација на овој проект се надева на соработка од Владата. Ревитализација на Студенчишко Блато и уредување на повеќе плажи, со цел да се овозможи да има што повеќе слободни плажи за граѓаните и туристите, као и плажа за инвалидизирани лица со посебна рампа се дел од проектите кои ги вети кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ. Тој најави и кампањи за почист град и за подигање на еколошката свест.
„Планирано е објавување повик до месните заедници во насока на реализација на мали инфраструктурни проекти кои имаат директно влијание врз заштитата на езерото, а би биле поддржани активности како на пример рационално искористување на природнит ресурси, вовдеување агроеколошпки мерки во земјоделството, мали пречистителни станици и слично. За секое пресечено дрво во централното градско подрачје, пред добивање на Решение од Комисијата за преземање на мерки и активности, за отсранување на дрва на подрачјето на Општина Охрид, а кои претставуваат опасност по имотот и животот на граѓаните, да се задолжи барателот да обезбеди и да засади 10 нови дрвца“.
Тилевски најави уште и уредување на просторот околу вулканот Косел, реконструкција на речното корито на Сушица и одбелжување на значајни еколошки датуми.