Параклисот на Св Богородица уште една црквичка на мапата на духовното наследство во Охрид
Со благослов на дебарско кичевскиот митрополит Господин Тимотеј, денес во Варош, уште една црквичка влезе во мапата на богатото духовно наследство на Балканскиот Ерусалим, Охрид. Параклисот на Св Богородица кој го изгради нашиот сограѓанин Климе Митрески уште едно свето место исполенто со спокој и рај за очи и душа.
Мала црквичка односно параклис денес беше осветен во стариот дел на градот, Варош, во непосредна близина на саат кулата. Прекрасната икона на мајката Св. Богородица во златна боја изработена од рацете на нашиот сограѓанин Климе Митрески не случајно осамна денес на ова место.
„Ова е по заповед на мајката Божја, Св Богородица и како што таа заповедуваше, откако таа ми се појави така правев, се со моите раце изградено, јас сум само нејзин слуга. Додека го направив јас си знам . Не сум некој богат човек не очекувам признание и слава, не сакам преку тоа да постигнам нешто, додека успеав да го направам тоа само јас си знам низ се што поминав“
Митрески вели дека за него преголема е честа што точно тој исполнил една заповед на мајката Божја, подигнувајќи го параклисот на негово земјиште, кое од денес после црковниот обред со свештено лице и официјално го предал на Македонската православна Црква.
„Ве поканувам цел народ, посебно христијанскиот. на располагање му е црквичкава да си запалат свеќа, да одморат бидејќи тука се е средено“
На осветувањето присутен беше и Мите Грозданов доаенот на македонскот глумиште. Тој речиси три децении не бил виден со неговиот стар пријател Климе и почестен е што присуствува на осветувањето на параклисот на Св Богородица.
„Со Климе се дружевме многу во 1991 година пред да оди во Австралија. Го немав видено 27 години и замислете се препознавме. А кога слушнав што прави со задоволство дојодв од Скопје и се радувам денес што цел свет и мајка Богородица со Исус Христос е овде во овој параклис на наговиот најгорен спрат. Мислам дека тоа е благодет и поклонение на сите кои веруваат и кои бараат спас од Мајка Богородица“
За изградба на параклисот на Св Богородица, Климе Митрески имал и рок од една година, така што тој започнал да го гради во јануари месец годинава во најголемите студови. Изненаден е од богатите охридски моќници, посебно христијаните кои не покажале интерес со свој допринос да помогнат во изградбата на овој параклис. Инаку денес гости на овој чин беа и членовите на тетовското здружение христијанско братство.