„Победа“ нека заборави на фудбалот 8 години
Прилепска Победа доби осумгодишна забрана за учество во натпреварите на Европската фудбалска федерација.
лого
Прилепска Победа доби осумгодишна забрана за учество во натпреварите на Европската фудбалска федерација. Претседателот Забрчанец и фудбалерот Здравески, се казнети со доживотна забрана поради местење на натпревар. Дисциплинското тело на УЕФА одлуката ја донесе согласно Членот 5 на нејзиниот правилник кој ги регулира принципите на интегритетот и спортскиот однос на натпреварите.
УЕФА го истражуваше мечот од првата квалификациска рунда на Лигата на Шампионите одигран во јули 2004 година, меѓу Победа и Пјуник од Ерменија. Обвинението против поранешниот македонски првак било подигнато врз основа на извештаи добиени од обложувачки компании кои јавиле за нерегуларности при обложувањето на овој натпревар, но и врз основа на исказите на неколку сведоци. УЕФА соопшти дека одлуката била донесена по 7 часовно сослушување на претставниците на Победа и на обложувачки експерти. Директорот Ацуле Забрчанец и капитенот Николче Здравевски добија доживотна забрана да вршат било каква дејност поврзана со фудбалската игра, а
Победа до 2018 година нема право да учествува во натпреварувањата на оваа организација. Од УЕФА соопштија дека ќе бараат и од ФИФА да ја потврди казната, со што таа би имала ефект низ целиот свет. Победа и нејзините претставници имаат рок од три дена да поднесат жалба на одлуката. Ова е првпат во историјата на УЕФА да казни еден фудбалски клуб поради вмешаност во местење на натпревари.
УЕФА го истражуваше мечот од првата квалификациска рунда на Лигата на Шампионите одигран во јули 2004 година, меѓу Победа и Пјуник од Ерменија. Обвинението против поранешниот македонски првак било подигнато врз основа на извештаи добиени од обложувачки компании кои јавиле за нерегуларности при обложувањето на овој натпревар, но и врз основа на исказите на неколку сведоци. УЕФА соопшти дека одлуката била донесена по 7 часовно сослушување на претставниците на Победа и на обложувачки експерти. Директорот Ацуле Забрчанец и капитенот Николче Здравевски добија доживотна забрана да вршат било каква дејност поврзана со фудбалската игра, а Победа до 2018 година нема право да учествува во натпреварувањата на оваа организација. Од УЕФА соопштија дека ќе бараат и од ФИФА да ја потврди казната, со што таа би имала ефект низ целиот свет. Победа и нејзините претставници имаат рок од три дена да поднесат жалба на одлуката. Ова е првпат во историјата на УЕФА да казни еден фудбалски клуб поради вмешаност во местење на натпревари.
{loadposition content9}