Skip to main content

Над 54 проценти охриѓани избраа градоначалник од СДСМ и коалицијата

Над 54 проценти од гласачите во општина Охрид  на Локалните избори доверба да го води градот во следните 4 години ја дале на кандидатот  од  СДСМ и коалицијата.  Според податоците на ОИК, распоредот на силите во градскиот совет е следна , Советничката листа на СДСМ и коалицијата  доби  11 советнички места,  а на Вмро Дпмне 10 советници.   

 |  Валентина Неловска  | 

Според ДИК за Јован Стојаноски, кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, гласале 18.262 или 54.07 % охриѓани. За кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митко Тилевски својот глас го дале 13.560 или 40.15 % од гласачите. 679 гласа освоил независниот кандидат Стевчо Стевовски или за него гласале 2,1 %  од гласачите
Во Советот кој брои 23 советници, според неофицијални извори од ДИК, СДСМ има 11 советнички места со освоени    15.198 глсаови, а Вмро Дпмне 10 советници од 12.871 гласови. Независниот кандидат за советничка листа, Нефи Усеини со „ Коалицијата заедно за Охрид“ која ја сочинувааст ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА, освои 2 места во Советот со 2.643 гласа.
Во гласачките кутии завршиле 1273 неважечки ливчиња кај листите за градоначалник и 1.559 кај советничките листи, информираат од ОИК.
Досега до ОИК пристигнале 4 забелешки од Вмро Дпмне кој се однесувале и за гласањето за градоначалник и за советничката листа.
Според неофицијалните податоци на Државната изборна комисија, во општина Охрид правото на глас на локалните избори го оствариле 33.774 граѓани, односно 63.93 % од запишаните гласачи. Податоците се од обработката на сите 89 гласачки места во општина Охрид.