Органската храна супер оружје против вирусите и настинките
Доаѓа зимата и студеното време и намалувањето на имунитетот. Препораките за зајакнување на имунитетот за претсојниот зимски период се внесување на здрави органски намирници богати со витамини. Охриѓани се повеќе се свртуваат кон консумирање на здрава органска храна.
Пред нас е зимата кога студот и загадениот воздух го напаѓаат нашиот имунитет. Се полнат болниците и лекарските ординации. Во голема мерка нашето здравје зависи од храната која ја внесуваме. Нашиот одбранбен механизам и справувањето со настинките, вирусите и падот на имунитетот имаат гоелма поврзансот со квалитетот на она што го јадеме и колку е храната богата со витамини и минерали. Евидентно е следењето на разни трендови во исхраната при што граѓаните посебно се интересираат за органските производи кои се здрави и богати со витамини. ТВМ ги анкетираше граѓаните за нивните размислувања каква храна треба да се јаде за да се подобри имунитетот и да се зајакне организмот.
Граѓаните водат грижа каква храна се наоѓа на нивните трпези и во исхраната се почесто користат здрава храна, почнувајќи од зеленчук, овошје и зрнеста храна.Органската храна е супер оружје против вирусите и настинките
Во охридската, специјализирана продавница за здрва храна, Healthy food на фармацевската компанија Зегин, граѓаните може да набават храна од органско производство богата со витамини и минерали потребни за јакенење на имунинтетот.
„Бенефитот од органскат храна е голем.Има позитивно влијание врз имунолошкиот систем. Превентивно влијае на сиет боелсти ,инфекци и вируси. Не е одгледувана и третирана со хемиски материи и пестициди“, напоменува Александра Климоска од Healthy food – Зегин.
Во Healthy food за претстојниот зимски период за зајакнување на имунитетот има разновидна храна за сите ,за најмалите и возрасните, порачуваат од продавницата Healthy food на фармацевската компанија Зегин.