Skip to main content

Николовски: Владата работи на решавање на сите отворени проблеми во пчеларство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство презема соодветни мерки во корист на пчеларите, изјави министерот Љупчо Николовски. Тој рече дека креирањето на идните политики на ресорното министерство ќе бидат во насока на развој на унапредување на целокупното земјоделско производство вклучително и пчеларството.

 |  Николоска Биљана  | 

Владата работи на решавање на сите отворени проблеми во секторот пчеларство. Ова доаѓа откако пчеларите упатија барање до министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за прогласување елементарна непогода во оваа гранка, поради неповолните влијанија од временските непогоди што се случија годинава, прво екстремно ниските температури, а потоа сушата, кои нанесоа сериозни штети во пчеларството.
Ресорниот министер Љупчо Николовски неодамна изјави дека ќе бидат преземени и системски мерки за развој на пчеларството. Тој открива дека ресорното министерство предвидело доплонителни 10 милиони евра кои што до крајот на годината ќе бидат насочени кон поддршка на целокупното земјоделско производство вклучително и пчеларството.

Во еден ден се исплатени сите субвенции кои што беа за пчеларите. Тое е една од првите одлуки која што ја направив во министерството. Првите исплати во министерството беа за 2 300 пчелари над два милиони евра. Во моментов се креираат сите програми и верувам дека ќе имаме мерки преку кои ќе бидат препознаени пчеларите и во програмата за дирекна поддршка преку нашата поддршка на национално ниво но и со мерки кои ќе бидат вградени во програмата за рурален развој“.

Николовски истакна дека остварил средби со сите пчеларски здруженија, федерации, односно со сите чинители во овој сектор и како што тоа го направивле за сите, секогаш кога имало проблем во овие неколку месеци со целокупното земјоделско производство, Владата на РМ постојано носела одлуки за директна поддршка на целиот сектор.

„Тоа што со ребаланс на буџет добивме поголем износ на средства односно за до крајот на годината ни беа овозможени на целиот сектор дополнителни 10 милиони евра кои што беа наменети за секторот земјоделство и рурален развој значи дека Владата става акцент на целокупното земјоделско производство и тоа го направивме уште во првите 100 дена каде што предвидовме доплонителни 10 милиони евра кои што до крајот на годината ќе бидат насочени кон поддршка на целокупното земјоделско производство вклучително и пчеларството.

Пчеларството е една од позначајните гранки во земјоделството, пред се поради големото биолошко значење на медоносните пчели при опрашување на фуражните, индустриските и овошните култури, но и поради производството на високо вредните пчелни производи, како што се медот, восокот, поленот, прополисот, матичниот млеч и пчелниот отров.