Skip to main content

Почнува зимското сметање на времето

Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад
 |  инфодеск  | 
Ноќеска во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад што значи дека времето во три часот, ќе се смета како два часот.
Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето.
Поместувањето на стрелките во Западна Европа воведено е на почетокот на 70-те години од минатиот век, со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда на потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден е поефикасен.