Skip to main content

Во населбата Христо Узунов двете зелени оази за пресирање отпад претворени во депонии

Во населбата Христо Узунов двете зелени оази за пресирање отпад претворени во депонии. Жителите реагираат на грдата слиика и реата која се шири посебно во лето. Од Комуналец прстот го вперуваат во несовесните граѓани кои преку ноќ депонираат отпад на кој не му е местото тука.

 |  Валентина Неловска  | 

Околу двете зелени оази во Христо Узунов наменети за пресирање на отпад секојдневно има огромни количини депониран градежен шут, но и разни делови од мебел. Граѓаните кои тука живеат реагираат на грдата слика поврзана со хигиената во населбата и околу контејнерите.

„ Од цел град се носи и никога не го интересира да преземе некој мерки или нешто“, вели еден од жителите кој сакаше да зборува на оваа тема.

Жителите од населбата ја избегнаа камерата на ТВМ за јавно да прозборат за овој сериозен комунален проблем, но зад објектовот на камерата бараат дислокација на прес контејнерите од пред влезот на комплексот згради. Од цел град се носи смет, градежен шут, мебел, зелен отпад од градините, се жалат граѓаните, на кои контејнерот им е под прозорец, балкон или деловен простор. Во непосредна близина на еден од прес контејнерите има и детско игралиште каде се рекреираат деца од различни возрасти. Го контактиравме Ванчо Бочвароски претседателот на урбаната заедница Даме Груев, кој во телефоснки разговор ни изјави дека досега до него нема писмено барање од жителите на Христо Узунов за дислокација на зелените оаза. Доколку тоа го побараат од него тој веднаш ќе го проследи до надлежните институции.

За комуналниот проблем во населбата се обративме и до директорот на ЈП Охридски комуналец Александар Китески. И до него нема барање за дислокација на контејнерите. Тој кажа дека е задоволен од намената од прес контејнерите, но не и од грдата слика која се создава околу нив. Проблемот го лоцира кај граѓаните.


„Таму имаме проблем со фрлање на отпад околу контејнерите од несовесни граѓани секојдневно. Принудени сме да испраќаме возила секој ден за да подигнеме кабаст и зелен отпад, градежен шут . Пресите функционираат ,а се наоколу што се јавува е дело на несовесни граѓани“, кажа Китески.

Двата прес контејнери се во функција и во втора смена се ангажиран персонал за да се пресира отпадот, информираат од ЈП Комуналец.