Skip to main content

Во охридската општинска каса инкасирани над 16 милиони денари

Во општинската каса се инкасирале до месец октомври над 16 милиони денари. Споредено со мината година за истиот период овој износ е со благо покачување од 1,7 посто. Податоците се од општинското одделение за финансии.

 |  Валентина Неловска  | 

Успешноста на туристичката сезона во општина Охрид се гледа и од податоците за прилив на средства од туристичка такса за привремен престој на гостите. Во охридската општинска каса по овој основ дооктовнри 2017 се инкасирале над 16 милиони денари. Износот спореден со минатата година е со благо покачување од 1,7 посто, велат од ТЛЕР според податоците од општинското одделение за финансии.


„ Таксата за привремен престој заклучно со 30.10 2017 има уплата од над 14 милиони денари од правни лица додека од физички лица има уплата од над 2 милиони денари или вкупен изнод од над 16 милиони денари. Тоа е 80 проценти од уплатата на таксата , а 20 посто од уплата за привремен туристички престој завршуваат во државната каса“, вели Мустафа.

Охрид и охридската ривиера лани ја посетиле гости од Турција, Холандија , Полска, Бугарија Србија. Статистичките податоци на Државниот завод за статистика заклучно со месец август, пак покажуваат кои гости биле најбројни според земјата на потекло и кој оставрил најбројни ноќевања.

„Според ноќевањата на прво место се гостите од Холандија, па следуваат од Турција, Полска па од Бугарија и Србија“, наведува Мустафа.

Домашните гости во2017 година оствариле 490.771 , а странците 280.321 ноќевања. Според бројот на остварени ноќевања кај домашните гости има зголемување од 3 посто, а кај странците од 32 посто или вкупно има зголемување од 12 проценти.