Македонските судии исправени пред придизвкиот да ја вратат довербата во судството кај јавноста
Меѓународна судска работилница на тема воспоставување стандарди за зајакнување на незвисноста на судството. Шефот на политичко економската канцеларија на Амбасадата на САД во Македонија со порака до судиите да ја ограничат моќта на политичарите и да се спротистават на надворешните влијанија во нивната работа. Македонските судии исправени пред придизвкиот да ја вратат довербата во судството кај јавноста.
Судии од Македонија и нивни колеги од регионот и САД дискутираа на тема „ Независни судски постапки за етаблирање на одговорност и активности за постапките“.
Постои потенцијал македонските судии сами да се справат со проблемите, нема потреба од тензии во јавноста дека тие се корумпирани и нестручни. Треба да се остават судиите да функционираат самостојно во рамките на законските решенија , смета Андреј Димовски судија од Основниот суд 2 Скопје. Според него нема потреба од генерален реизбор на судиите.
„ Постои проблем , незаконито однесување на дел од судиите, но мора да се индивдуализира и да постои индивудална одговорност за секој кој се огрешил од Законот. При тоа сметам дека нема да е добро решение реизбор, а и не постои можност таков реизбор да биде согласно Устaвот и Законите“, кажа Димовски.
Судијата Лазар Нанев од Основен суд Кавадарци на прашањето како да се врати довербата кај јавноста за работата на судиите напомена дека транспарентноста е еден од предизвиците, но и квалитетот на судиите. Нанев посочува дека ваквите конференции имаат за цел размена на искуства и ставови со колеги од регионот , САД И ЕУ кои имат поголемо искуство .
„ Тие ни ги пренесуваат најдобрите практики како да се справиме со предизвиците, како до добри решенија и квалитетот на правдата да го подобриме, како да ги подобриме изборите и разрешувањата на судиите, и одговорностите на судиите преку Мериот системот , посебно методологијата на разрешуавње и клучното прашање изборот и одговорностите на членовите на Судскиот совет и организација на судските реформи која ќе претрпи реформи“, изјави судијата Нанев.
Претседателот на Здружението на македонските судии, Џемаил Саити вели дека се согледуваат законските решенија и практики на досегашното функционирање во поглед на одговорностите на судиите и идните постапки.
„ Ние сме во тек со идните реформски активности на Владата . Здружението е вклучено во тие активности и ја поддржува стратегијат која беше кај нас на јавна дебата. Учествувавме со наши тимови кои ги формира Министерството за правда и и подготовката на нормативините решенија. Сметаме дека тие решенија кои ги промовираше министерството се тие кои треба да се развијат“, потенцира Саити.
Никој не смее да се меша во судската независност нити претседателите нити премиерите, меѓу другото порача во своето обраќање до судиите Дејвид Стивенсон шеф на Политичко економската канцеларија на Американската амбасада во РМ.
„ Судиите делуваат како контрола на политичката власт. Нивна улога е да ја ограничат моќта на политиката, а не обратно. Судиите да се противат на влијанија од други судии, пријатели, роднини, медуми и јавноста“, рече во обраќањето Стивенсон.
Во извештајот на Прибе се бараше македонските судии да се раздвојат од влијанието од извршната и законодавната власт. Судиите да работат независно и да не трпат влијанија со кој се соочуваа во изминатиов период.