Skip to main content

Националистите победија во северен Кипар

Парламентарните избори во Турската република Северен Кипар донесоа значителна победа за десничарската партија Национална унија, која претпочита поблиски врски со Турција наместо членство во Европската унија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Mehmet Ali Talat
Мехмет Али Талат
Парламентарните избори во Турската република Северен Кипар донесоа значителна победа за десничарската партија Национална унија, која претпочита поблиски врски со Турција наместо членство во Европската унија.

KiparПартијата доби 44% од гласовите а Републиканската партија на лидерот Мехмет Али Талат остана на 29%.Лидерот на Националната унија Дервиш Ероглу рече дека ќе бара меѓунродно признавање на отцепениот дел.
Турција е единствена земја која го признава Северен Кипар.

Дописникот на БиБиСи од Кипар вели дека исходот ја одразува нервозата од бавниот напредок во разговорите чија цел е да се обедини поделениот остров, процес кој би донел автоматско членство во Унијата за целата земја.

Кипар беше поделен во 1974 со инвазија на турски сили на северот како реакција на обидите на кипарските Грци да го спојат островот со Грција.

{loadposition content9}