Skip to main content

Семафори најдобро решение

Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“, опасност за учениците. Директорот на училиштето, Тони Симоноски инсистира што поскоро да се стават во функција семафорите и тоа оние класичните со црвено, жолто, зелено светло бидејќи нив учениците најдобро ги распознаваат. Од Локалната ветиле скоро решение и повторно активирање на вертикалната сигнализација.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“, е опасна по безбедноста на пешаците. Сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација па учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, кажуваат децата. Директорот на училиштето, Тони Симоноски инсистира што поскоро да се стават во функција семафорите и тоа оние класичните со црвено, жолто , зелено бидејќи нив најдобро ги распознаваат учениците. Семафорите на допир кои беа поставени пред неколку години пред реконструкцијата на улицата не беа прифатени од учениците, вели Тони Симоноски- директор на ОУ „Христо Узунов“.

Имавме многу иницијативи за да можат повторно да проработат семафорите бидејќи се единствени во градов, а се од голема важност за безбедноста на децата кои учат во ОУ „Христо Узунов“. Сигнализацијата со црвено жолто зелено е најсигурна и најадекватна и за учениците и за возачите кои возат по оваа улица и затоа бараме повторно да се стават во функција старите семафори, вели Симоноски.

Во населбата Горна влашка мала живеат околу 4 300 жители. Голем дел од нив секојдневно ја поминуваат оваа опасна раскрсница. Тие повеќе пати се обратиле и до СВР и до Локалната за да се реши проблемот со сигнализацијата, но останале само празните ветувања. Директорот Симоновски кажува дека на нивно барање од страна на СВР се поставени засилени патроли кои колку толку го ублажуваат овој проблем.

Забележувам во периодот кога доаѓаат на училиште и кога заминуваат има засилени полициски патроли кои внимаваат на безбедноста на учениците. Пред повеќе години беше изграден и специјален надвозник кој требаше да го користат учениците, но сега и тој мост кој беше најадекватен за решавање на овој проблем не е функционален. За жал се користеше за девијантни појави и затоа е затворен за употреба, објаснува Симоноски.

Симоноски вели дека Локалната самоуправа е запознаена со овој сообраќаен проблем и нефункционирањето на светлосната сигнализација во близина на училиштето „Христо Узунов“. Ветиле скоро решение и повторно активирање на вертикалната сигнализација.