Прекината потрагата по преживеани од земјотресот во Иран
Иран соопшти дека завршиле спасувачките операции во областите погодени од силниот земјотрес во кој загинаа најмалку 450 луѓе, а повредени се 7.000 лица, соопшти шефот на иранската служба за вонредни ситуации Пир-Хосеин Коливанд.
Иран соопшти дека завршиле спасувачките операции во областите погодени од силниот земјотрес во кој загинаа најмалку 450 луѓе, а повредени се 7.000 лица, соопшти шефот на иранската служба за вонредни ситуации Пир-Хосеин Коливанд.
Ова е најсмртоносниот земјотрес во 2017 година, во кој досега загинаа над 400 луѓе, а најмалку 7.000 се повредени.
Досега најсмртоносниот земјотрес годинава беше тој во Мексико кој однесе 369 животи.
Повеќето луѓе загинаа во западната иранска провинција Керманшах, и во тој дел во тек е интензивна потрага по преживеани, а девет лица загинаа во Ирак.
Државната иранска агенција Ирна извести дека властите соопштиле дека само во Иран се повредени 6.603 лица, додека останатите се во Ирак.
Во местото Сарпол ел Захаб, одалечено 15 километри од границата со Ирак, тешко е оштетена болницата која треба да ги прими повредените. Западните агенции јавуваат дека на околу 70.000 луѓе им е потребно засолниште по земјотресот.
Иранските власти соопштија дека меѓу загинатите има и војници и царински службеници.
Во некои градови нема вода и струја, додека на некои места луѓето спиеле на улиците и во парковите.
Се очекува бројот на загинатите да расте, а акциите на спасувачите се отежнати од лизгањето на земјиштето активирано од земјотресот.