Skip to main content

Во охридско-струшкиот регион се регистрирани околу 16 илјади луѓе со дијабетес

 Во охридско-струшкиот регион се регистрирани околу 16 илјади луѓе со дијабет. Поголемиот процент од нив се со дијабетес 2. Дијабетичарите од регионот се  жалат на нередовно и неквалитетно снабдување со инсулин, на неговото сомнително потекло, но и на лошите гликомери и илгите за боцкање.

 |  Валентина Неловска  | 

Во охридскиот центар за дијабетес се регистрирани 7000 дијабетичари, а во Струга и Вевчани 9000 дијабетичари. Од регистираните дијабетичари во Охрид 1900 се на инсулин, а останатите се на таблетарна терапија, вели Димче Панџакоски претседател на охридското Здружение на дијабетичари. Панџакоски информира дека голема е бројката на граѓани кои и не знаат дека имаат дијабетес или не се регистрирани бидејќи се водат во евиденција на матичните лекари. Од ден на ден расте нивниот број. На еден починат од компликации од дијабетес се регистрираат 2 нови случаи на заболени.

Иво Дукоски од струшкото здружение на дијабетичари посочува дека во нивниот регион има околу 9000 дијабетичари. Од нив 1700 се на инсулинска терапија. Дукоски ги посочува проблемите со кои се борат дијабетичарите во своето секојдневие. Од 6 јуни оваа година од ресорното министерство бараат да се решат проблемите со кој се засегнати при третирањето на нивната состојба. Дукоски ги наведува нередовното и неквалитетно снабдување со инсулин кое се случува често да не делува, на неговото соменително потекло, како и на лошите гликомери кои не покажуваат точни состојби на дијабетот, но и на лошиот квалитет на илгите за боцкање. Нивното здружение бара поголема грижа на државата за дијабетичарите.


„ Воведување на нови терапии. Има нови инсулински и таблетарни терапи. Агенцијата за лекови да им дозволи на лекарите да препишуваат нови генерации инсулин. Во 2015 -2016 година на докторите не им беше дозволено да ги префрлаат дијабетичарите од таблетарна терапија на инсулин. Тоа беше катастрофа тоа може да го потврадат и лекарите“, уверува Дукоски.

Интернистот д-р Мира Костојчиноска од Општа болница Струга препорачува честа посета на центрите за дијабет и совет со лекарите. Советува пациентите да не преземаат ништо на своја рака.Таа подвлекува дека од пандемијата шеќерна болест не е одминат ни нашиот регион , а за среќа не е голем бројот на диајбетичари кај младата популација.


„ Многу е помал од тип 2 дијабетес. но е многу позначајна затоа што се многу млади .Најмалиот пациент во Струга е 10 месечно бебе  и на секоја возрст на 3 -4 години се помал процент од тип 2 поради начинот на настанување и етиологија имаат различни карактеристики, но е помал од тип 2 кој е пандемија“, кажува д-р Костојчиноска.

Во последно време генетскиот фактор не е причина за појава на дијабетес, посочува струшкиот интернист. Начинот на исхрана , физичката неактивност или целокупниот хигиено-диетски режим е основна причина за пандемијата на дијабетес, потенцира д-р Мира Костојчиноска.

Денес во светот се обележува Светскиот ден на дијабетесот. Денот беше одбележан и во Струга со мерење на дијабетес и со стручно предавање за превенција од компликации од оваа пандемична состојба.