Саше Стефановски, поранешниот директор на ФЗОМ не е приведен
Поранешниот директор на ФЗОМ, охриѓанецот Сашо Стефановски не е помегу утрово приведените полициски функционери, пратеници и граѓани кои овозможиле или учествувале во насилствата на 27. април во Собранието на Р Македонија.
Поранешниот директор на ФЗОМ, охриѓанецот Сашо Стефановски не е помегу утрово приведените полициски функционери, пратеници и граѓани кои овозможиле или учествувале во насилствата на 27. април во Собранието на Р Македонија. Стефановски за ТВМ кажа дека веста за неговото приведување е дезинформација.
Рано утрово, по налог на јавен обвинител, приведени се над 20 учесници поврзани со упадот и насилствата на 27-ми април во македонскиот парламент. Полицијата го привела Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР. Покрај нив, утрово биле приведени и други полициски функционери, пратеници и граѓани, за кои обвинителството по обемната предистражна постапка, имало докази дека со нивните активности овозможиле упад на демонстранти во зградата на Парламентот. Обвинителство побарало приведување и на организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.