Skip to main content

Охридските ракометари ќе се борат за пласман во плејофот

Охридските ракометари ќе се борат за пласман во плејофот. На утрешниот дерби натпревар во супер лигата за мажи, противник на охридските гладијатори ќе им биде Еурофарм Работник од Битола. Натпреварот ќе се одржи утре со почеток во 19 и 30 часот во Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“.

 |  Николоска Биљана  | 

Во супер лигата за мажи, утре во 19 и 30 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ охридските ракометари ќе си ги одмерат силите со Еурофарм Работник од Битола. Овој дерби натпревар од 11 тото коло е од исклучителна важност за охридскиот клуб вели претседателот на клубот Љупчо Танески.

„ Победа на овој натпревар ќе значи и 90 % учество на РК Охрид во плејофот, ако е рано да се зборува за тоа

Тренерот на РК „Охрид 2013“ Горан Андоновски, очекува сигурен пласман во плејофот. Тој рече дека и покрај тековните проблеми со кои се соочува клубот, бележат позива со многу добиени утакмици.

Сите сме запознаени дека во ростерот на екипата малку сме хендикепирани меѓутоа играчите покажаа во тешките моменти голема пожртвуваност, смиреност и успеавме да добиеме многу важни натпревари минатиот период. Утре не чека еден дерби натпревар во кој мислам дека и ние на теренот како и публиката која ја очекувам во голем број, ќе ужива во прикажаната игра и би додал дека натпреварот ќе го судат можеби најдобрите македонски судии. Нека победи подобриот“

Овој дерби натпревар доаѓа во лош период бидејќи противникот доаѓа мотивиран во Охрид, со европска победа вели ракометарот Благојче Трајковски.

Иако победуваме во нашава лига, не играме на потребното ниво како што се очекува и како што треба да игра РК Охрид, атмосферата со проблемите се наруши, но се надевам дека утрешниот натпревар за нас многу битен ние како играчи ќе ги заборавиме сите тие проблеми со кои се соочуваме и дека на теренот ќе го дадеме максимумот и ќе прикажеме една игра која што доликува и го краси Охрид последниве неколку години“.

Охридските ракометари за утрешниот натпревар ја повикаа својата публика да ги бодри. Дерби натпреварот ќе го судат нашите најдобри арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начески .