Skip to main content

Убавините на Златибор претставени во Охрид

Претставници од туристичката организација Златибор и заменик претседателот на општина Чајетина, Србија во посета на Охрид. Целта на посетата е претставување на Златибор пред охридските туристички работници како и зацврстување на соработката помеѓу Златибор и туристичкиот бисер, Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

Спортско рекреативниот туристички центар Златибор, за прв пат претставен пред туристичките работници во Охрид. Заменик претседателот на општина Чајетина, Арсен Џуриќ рече дека голем број гости од Македонија го посетуваат Златибор и смета дека добро би било да се зацврсти соработката и со најголемиот туристички центар во Македонија, Охрид.

Покрај големиот број на сместувачки капацитети, Златибор навистина има голем број на содржини, ние сме и зимски и летен туристички центар и практично живееме преку цела година. Покрај ски центарот Торник, кој има 3 скијачки стази во допжина од 7 км со адреналински содржини, со Кјубинг стаза, имаме и две мали скијалишта во центарот на Златибор, за почетници, рекреативци и деца, но секоја година се градат и нови содржини, од авантура парк, дино парк кој е еден од најголемите забавни паркови на Балканот кој покрај репликата на динисаурусот има дино шоп и картинг патека. Оваа зима во функција ќе биде и лизгалиште на отворено“

Џуриќ вели дека еден седум или десетдневен одмор на Златибор нуди многу интерсени содржини што на гостите им нуди широки можности за задоволување на различни потреби

Имаме две нагласени сезони, зимска и летна. Летната е и најпосетувана, што можеби е помалку и невообичаено за планинско место, но живееме преку цела година, а во месеците кога имаме помалку работа организираме разни семинари, конгреси има многу објекти за рекреативна настава така да има гости преку цела година.

Златибор располага со над 25 000 легла од кои само 5 000 се во хотелските капацитети, а преку 20 000 во приватен смештај, апартмани и вили за одмор. Овој спортско рекреативен туристички центар преку цела година го посетуваат преку 250 000 гости од кои 70% домашни кои остваруваат околу 1 200 000 ноќевања. Инаку Златибор е планина на 1000 метри надморска висина има добра клима, а се наоѓа на магистралниот пат Белград – Црногорско приморје.