На Туристичка се садат јавори и јасени, а врби наместо исушените палми
На Булевар Туристичка почна засадувањето садници на местата каде пролетта дрворедот беше исечен. Засадени се 40 јавори, а се набавени 160 стебла од видовите јасен и јавор. Се чека формирањето на новата општинска Комисија за сечење дрва по што ќе следува и сечењето на исушените палми. На нивно место ќе се садат врби одгледани во расадникот на јавното претпријатие Охридски комуналец.
На Булевар Туристичка, на потегот од улицата Стив Наумов до сообраќајната клучка денес беа засадени првите стебла јавор. Набавени се 160 стебла од видовите јасен и јавор. Со тоа ЈП Охридски комуналец започнува да го обновува дрворедот кој настрада пролетва кога беа исечени голем број на дрва при реконструкцијата на тротоарите на булеварот.
„Денес се засадуваат од десната страна со јавор беа засадени 40 стебла. На истата страна на треба уште 20 стебла да се засадат . 60 стебла од другата страна од видот на јасен“, информира Трајан Љаткоски рак на паркови и зеленило Комуналец.
Дрва ќе се садат и на потегот на Булевар Туристичка кај мини маркет до спортската сала на места каде што недосуваат садници. Покрај овие стебла ќе се засадуваат дрва одгледани во расадникот на Охридски комуналец, но на местата каде што треба да се исечат исушените палми. Љаткоски информира дека по нивна проценка од 100 -та засадени палми 65 до 70 треба да се заменат со нови дрва.
„ Палмите ќе бидат одстранети се чека да биде формирана општинската Комисија за сечење дрва. По нејзиното формирање и добивање на налог палмите ќе бидат извадени. На нивно место ќе бидат засадени врби кои се произведени во нашиот расадник. На дел ќе се садат и декоративни видови“, информира Љаткоски.
Во овој период покрај садењето на дрва се засадува и сезонското цвеќе од видот виола. Се врши и уредување на дрворедите на Туристичка и Македонски просветители. На дрвата им се одстрануваат корените и се посипуваат со декоративен камен која покрај декоративната има и заштитна функција за стеблата, посочува Трајан Љаткоски рак на паркови и зеленило од ЈП Охридски Комуналец.