Skip to main content

За физичкиот развој на децата од охридските градинки се грижи професор по спорт

За правилен физички развој на децата од охридските градинки се грижи професор по физичка култура. Покрај воспитните тимови кои дневно се грижат за локомоторното здравје  два пати неделно се изведуваат вежби под стручен надзор. Од градинката велат дека засега е доволен ангажманот од еден професор.

 |  Валентина Неловска  | 

Децата згрижени во охридските градинки стекнуваат здрави и спортски навики од најмали нозе. За нивното физичко здравје се грижат воспитните тимови од градинката и стручно лице, информира Мери Рилкоска директор на градинката Јасна Ристеска.

„ Во моментов имаме и професор кој со проект е вработен во градинката  и изведува часови по физичко. Покрај дневните активности кои ги имаме во градинката има и различни други спортски активности кои се во рамките на детската недела или спортски активности како што се игри без граници “, напоменува Рилкоска.

Со ангажманот на стручното лице по спорт и физичка култура се опфатени сите градинки. Децата добиваат квалитетна програма покрај тоа што секојдневно децата го развиваат локомоторното здравје и преку игра која се изведува од воспитните тимови во градинките, подвлекува Рилкоска.


„Сега ги задоволува потребите од еден професор. Според неговиот распоред тие активности траат од околу 30 минути по 2 часа неделно“, вели директорката на градинката.

Во детските градинки денот започнува со утринска гимнастика во занималните, а според програмата се изведуваат вежби за загревање, провлекување, погодување со топки, трачње, скокање во вреќа се со цел да се развива мускулатурата кај децата, укажува Мери Рилкоска.