Дефект на колекторскиот систем кај Далјан причина за синоќешните поплавени улици
Дефект на колекторскиот систем кај Далјан причина за синоќешните поплавени улици. Причина за поплавите покрај големото количество на дожд од 90 литри на м2 кој наврна во Охрид беше и затајување на колекторскиот систем. Екипи на јавните Претпријатија Нискогрдба и Проква успеале синоќа да го пробијат колекторскиот систем и водата да се повлече. Од ЦУК јавуваат дека до нив граѓаните не пријавиле поголеми проблеми.
Дождот кој паѓаше изминативе два дена иво Охрид наврна 90 литри на м2 предизвика поплави на градските улици. Причина за поплавите покрај големото количество на дожд било и затајување на колекторскиот систем. Запушен ситем кај Даљан предизвика поплави на улиците Галичица, Дејан Војвода, Коста Абраш, Даљан, Лескајца, Железничка, Македонски просветители, Партизанска, Даме Груев , информира директорот на ЈП Нискоградба Гоце Ѓоршески. Додава дека екипите на ЈП Нискоградба и Проаква интервенирале и успеале да го пробијат колекторскиот систем.
„Тие проблеми се повторуваат и колекторскиот систем континуирано треба да е во исправна состојба, Се случи застој и се случи поплавувањето, враќање на водата назад по одводните шахти“, појаснува Ѓоршески.
Денес водата се повлече од градските улици, а се забележуваат поплавени дворови и подруми каде што нема одвод претежно во периферните делови од градот. Екипите на ЈП се на терен и работат на санација на дефекти на улиците Дејан Војвода, Сирма Војвода и Лескајца и не очекуваат поголеми проблеми во текот на денот.
Од силниот дожд кој го зафати Охрид се сруши и една руинирана градба на улицата Гоце Делчев.
Синооптичарите најавуваат нови дождови и високи дневни темпертури.
„Очекуваме во вечерните часови врнежите да се интензивираат до утре попладне. Во втората половина од денот врнежите ќе престанат, а утре ќе дува и засилен југозападен ветар“, информира Костадинка Арсовска од УХМР.
Високи дневни температури ќе има уште утре, а од понеделник не очекува суво време со намалување на дневните температури. Од вторник се највуваат дневни температури под нулата.