Skip to main content

Обама ја глорифицира улогата на ЦИА

Претседателот на САД Барак Обама ја посети Централната разузнавачка служба и ги повика неговите вработени совесно да си ја вршат работата, затоа што ги заштитува Американците од нападите на злонамерените луѓе, пренесоа американските медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 
Lengli
Ленгли
Претседателот на САД Барак Обама ја посети Централната разузнавачка служба и ги повика неговите вработени совесно да си ја вршат работата, затоа што ги заштитува Американците од нападите на злонамерените луѓе, пренесоа американските медиуми.

Обама отиде во централата на разузнавачите по минатонеделното објавување на документи на Министерството за правда од владеењето на поранешниот претседател Џорџ Буш за примената на мачење при распрашувањето осомничени.
Барак Обама го увери аудиториумот од вработени во ЦИА дека неговата Влада ќе ги почитува барањата на тајност на разузнавачката активност, но нагласи дека немало правни основи да не направи јавно објавување на документите за техниките на распит во Владата на Џорџ Буш.

Lengli Обама беше топло примен од вработените во централата на разузнавачите, соопштија агенциите.

„ЦИА сега е поважна од било кога, рече претседателот и ја подвлече неговата важна улога за безбедноста на САД. „Не се обеспокојувајте од она што се случи во текот на последните недели. Не се обеспокојувајте од признанието дека сме дозволиле некои грешки“, додаде тој.

По откривањето на документите за техниките на распит политичари од Републиканската партија ја подложија Владата на остри критики дека овие информации се закануваат на националната безбедност, забележуваат агенциите.

{loadposition content9}