Skip to main content

Уапсени две лица во врска со вчерашна престрелка на булевар Туристичка

Уапсени две лица во врска со вчерашната престрелка на булевар Туристичка во која едно лице беше повредено. Полицијата трага по извршителот на обидот за убиство.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Пукотница во Охрид. Вчера попладнето на булевар „Туристичка“ е пукано од огнено оружје пиштол од засега непознат сторител, кој на С.М. (34) од Охрид му нанесол прострелна рана во пределот на десната потколеница. Повреденото лице е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид од каде по укажаната лекарска помош е префрлено во Клинички Центар Скопје.

Веднаш после случувањето на настанот СВР Охрид лиши од слобода две лица кои околу 17 часот се доведени во полициската станица во Охрид. Во моментов насоките и заложбите се заокружување на овој казнено-правен настан и пронаоѓање на можниот сторител, вели Стефан Димоски-портпарол на СВР Охрид.


Овој немил настан се случил кога сторителот на казненото дело „убиство во обид“ пукал врз С.М. откако двајцата се сретнале на пресекот на булеварот „Туристичка“ и улицата „Бистрица“ во Охрид при што настанала жестока меѓусебна вербална расправија. По испукувањето, сторителот на казненото дело, заедно со уште три други лица, со патнички автомобил „Волксфаген Пасат“ со швајцарски регистарски ознаки, избегале од местото на настанот.

 
СВР Охрид има одредени информации кои поексплицитно наведуваат и усмеруваат кон идентитетот на можниот сторител, вели Димоски.

Вчера на местото на настанот Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Охрид извршиле криминалистичко-технички увид.