Наскоро проект наменет за повозрасните охриѓани и стружани
Во втората половина од декември ќе почне проект наменет за повозрасните охриѓани и стружани за кој се погрижи Локалната Агенција за Развој од Струга. Нашите сограѓаните над 60 годишна возраст кои се осамени ќе имаат можност да се дружат и да го подобрат квалитетот на животoт. Се предвидуваат бесплатни психофизички вежби, здравствени предавања, подготовка на здрава храна како и добивање знаења од областа на правото.
Од 23 декември стартува првото стручно предавање за дегенеративните болести наменето за поврзаните охриѓани и стружани. Локалната Агенција за Развој од Струга ќе започна да спроведува нов проект чија целна група се возрасни лица над 60 години од општините Охрид и Струга. Проектот е со цел да им помогне на соодветен начин на оваа категорија луѓе. Има се помалку млади , а се повеќе возрасни, Македонија старее и се повеќе луѓе стануваат осамени или изолирани во животот, напоменува Катерина Василеска од Локалната агенција за развој.
„Предвидуваме да има различни работи. Предлагаме да има психофизички вежби со јога техники, со прилагодени вежби за да спортуваат. Ќе има часови по готвење и здрава исхрана. Како изгледа едно дневно мени за повозрасен човек кој готви за себе или за двајца возрани луѓе. Мали количини, адаптирани за сите заболувања кои ги погодуваат возрасните луѓе“, појаснува Василевска.
Проектот, покрај овие важни сегменти од животот на повозрасните луѓе, опфаќа и предавања од областа на правото.
„ Предавања од областа на правната сфера кој ги засегаат повозрасните. Тука се прашањата за наследството, имотно – правните односи, договорите за доживотна издршка. Ќе се обидеме да обезбедиме адвокати кои ќе ги насочат луѓето кон некои прашања каде да се обратат во случај на вакви потреби“, напоменува Василеска.
Предавањата за возрасните лица ќе бидат отворени, а пријавувањето е на моб. телефон 077 817 432.
Проектот ќе трае 7 месеци, а се спроведува во рамките на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица”. Финансиран е од Европската унија, со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој и Австрискиот црвен крст.