Струга, прави напори да го врати пливањето
Градот на две води, Струга, прави напори да го врати пливањето. Во овој град има еден пливачки клуб кој брои над 300 членови. Во лето пливачите некако се снаоѓаат за одржување на тренинзи, додека пак во зимскиот период тие за тренинг ги користат хотелските базени кои се премали за нормално одвивање на еден тренинг.
Подобри денови за пливањето во Струга очекува Ацо Ѓуроски, тренерот на ПК. Тој смета дека мора да се врати епитетот на „пливачака Струга“ некогашната лулка на овој спорт. Значењето на пливањето е огромно не само како спорт, туку и во превентивното делување врз деформитетите кои се јавуваат кај децата со рбетниот столб, но огромна е примената на пливањето и за рехабилитацијата појаснува Ѓуроски.
„За едно општество најбитен е правилниот развој на децата. Тоа е за подобра иднина на сите. Затоа централната и локалната власт е многу заинтересирана за децата, за нашата иднина да имаме правилен развој и децата да растат и да се развиваат во едно општрество со помош на правилен физички развој. Мора да направиме добри пливачи да знаат да пливаат, па после да играат и други спортови“ – вели Ѓуроски.
Во моментов клубот брои 300 пливачи, кои активно се занимаваат со пливање. Ѓуроски, вели дека години наназад посебно во зимскиот период се соочуваат со големи проблеми поради немањето услови за одржување на тренинзи во нормални услови. Додава дека пливачите тренираат по хотелските базени или во базени на приватни куќи.
„Досега сме биле спречени, сме го користеле базенот во хотел Мираж за што сме благодарни што ни овозможуваа тука да пливаме, но базенот е мал и покрај тоа во такви услови ние успевавме да освоиме по некоја медалја на државните првенства каде што учествувавме и го задржавме тој континуитет“ – истакна Ѓуроски.
Надежта на стружани дека конечно ќе добијат затворен пливачки базен не заоѓа. Неодамна ТВМ објави дека течат подготовките за реконструкција на затворениот пливачки базен кој во моментов е во очајна состојба.