Skip to main content

Започна сечењето на исушените палми

Започна сечењето на исушените палми. Десетина дрва се одстранети на неколку локации во градот. На нивно место  напролет ќе бидат  засадени  јапонски цреши, јавори и јасени. 

 |  Валентина Неловска  | 

Од ЈП „Охридски комуналец“ започнаа да ги одстрануваат исушените палмини дрвца. Засега се исечени десетина стебла на неколку локации. Одстранети се палмите на охридскиот кеј и в долж пешачката патека Студенчишта. За палмите да бидат одстранети се чекаше да биде формирана општинската Комисија за сечење дрва за да се добие налог за нивно одстранување. По направената проценка од стручните лица треба да се исечат и одкорнат околу 70 -тина стебла од посадените 100-тина палми.

Од ЈП Комуналец информираат дека нови садници ќе бидат засадени напролет. Се размислува за неклку варијанти садници меѓу кои јапонскат цреша, јавор и јасен.

Палмите беа засадени во ноември 2013 година , на Денот на дрвото заедно со пертасвници од ЈП Охридкси комуналец и подружницата Галичица на Македонски шуми. Тогашниот директор на ЈП Македонски и шуми, Жарко Караџоски тврдеше дека од направената анализа на стручни екипи е дадено одобрение да се засади влакнеста палма во Охрид бидејќи издржува температура до -10 степени. Караџоски пред 4 години кажа дека за одржувањето на младите садници ќе поделат брошури на ЈП Комуналец. За температура под -10 палмите треба да бидат адекватно заштитени и обложени со најлон. Понатака кога ќе стекнат зрелост нема да има потреба. Тоа го кажува науката“, ова го тврдеше Жарко Караџоски, тогашнито директор на Македонски шуми.