Стандарди во професионалното новинарство
Заштитата на децата во медиумското претставување е тема за која што во последно време многу се зборува. Потребно е да има пропишани стандарди на кои ќе се повикаат новинарите при пишувањето на стории од оваа област. Точно на тоа се работи деновиве во Охрид, односно претставниците на медиумите од Македонија, детската амбасада Меѓаши, изготвуваат Кодекс за известување на случаи каде што децата се жртви, сведоци или сторители на насилство.
Со цел новинарите да бидат запознати со механизмите за известување кои се однесуваат на обработка на новинарски стории за заштита на правата на децата, денес во Охрид се подготвува нацрт текст за новинари за известување при такви теми. Лилјана Пецова Илиевска, од фондацијата Метаморфозис истакна дека ваквиот начин на работа е од особена важност бидејќи се информираме, се запознаваме со правата на децата односно начинот и заштитата како и алатките за известување. Илиевска истакна дека неминовно треба да постојат стандарди во професионалното новинарство.
„Од таа причина овие дена сме овде да разговарме со новинарите, со претставници на различни медиуми, од традиционалното новинарство кои се стандардите од она што е тренд деновове односно онлајн порталите и објавувањето на фотографии односно на видеоматеријали на деца со недолични содржини“
Основачотот и директорот на светската детска амбасада Меѓаши, Драги Змијанац истакна дека ова е трета обука која ја организираат со новинарите.
„Секогаш ни е инспирација да работиме со новинарите бидејќи тие ни даваат голема поддршка да ги дефинираме потребите проблемите и да направиме притисок кон донесувачите на одлуките да бидат функционални. Првата обука беше да ги заштитиме децата од сексуална злоупотреба и донесовме кодекс а сега да го дефинираме насилството формите на насилството како известуваме за нив да не ги виктимизираме децата и да донесеме кодекс“
Работилницата ја сметам за многу корисна, бидејќи повозрасните колеги ги споделуваат своите искуствса со нас, вели Наташа Јанчиќ Минковски, новинар во МРТВ.
„Ќе се изработи кодекс кој што ќе ни помогне на сите нас да го заштитиме идинтитетот, детето жртва, за да не биде препознаено утре на улица и да има проблеми со околината која знае некогаш да биде и многу сурова“
Од работилницата која што е во организација на детсдката амбасада Меѓаши се очекува да произлезе Кодекс за известување на случаи каде што децата се жртви, сведоци или сторители на насилство.