Skip to main content

Охриѓани од дното на Охридското езеро ја упатија новогодишната честитка

Охриѓани од дното на Охридското езеро ја упатија новогодишната честитка. По втор пат таа е посветена на децата со ретки болести. Традицијата на поставување и китење елка во водите на езерото продолжува по 16 -ти пат.

 |  Валентина Неловска  | 

Првата новогодишна честитка охриѓани ја испратија од дното на Охридското езеро. Кај заливот на коските, 10 -тина нуркачи, по втор пат, новогодишната порака за 2018 година ја посветија на децата со ретки болести. Нуркачите упатија искрени честитки за нивно добро здравје и надминување на здравствените потешкотии, a општеството  да има повеќе слух за нивнит е потреби.  


„ Ова е еден наш придонес за нивна афирмација, подобро да бидат прифатени и со цел општеството да им помогне“, изјави д-р Горан Балевски од Клубот за подводни активности Охрид.

Традицијата за поставување и китење на елката во водите на езерото започна пред 16 години и прерасна во вистинска атракција. Студеното време и намалената видливост на езерските води не ги спречија нуркачите и годинава да ја накитат новогодишната елка во водите на Охридското Езеро.

 

Во китењето учествуваа нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни активности „Охрид“ во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија.