ОК на Вмро Дпмне упати остри критики на адреса на директорот на ЈП Градски гробишта
Општинскиот комитет на Вмро Дпмне упати остри критики на адреса на директорот на ЈП Градски гробишта. Обвинуваат дека се прекршени законски одредби од Законот за гробишта и погребални услуги. Бараат одговорност и разрешување од функцијата.
Остри критики за работењето на Татјана Дамјаноска, директор на ЈП Градски гробишта упати Перчо Божиноски портпарол на ОК Вмро Дпмне на денешната прес конференција. Божиноски , во своето обраќање го нападна СДСМ кажувајќи дека нивните кадри како партиски послушници предизвикуваат хаос. На адреса на Дамјаноска се бара одгворнот затоа што побарала ексхумација на гроб од свештено лице и не дозволила закоп додека не се плати гробното место. Обвинуваат дека со тоа го прекршила Законот за гробишта и погребални услуги.
„ Директорката на ЈП „Градски гробишта“, Татијана Дамјаноска веќе неколку дена е поврзана со срамен и недоличен чин, дело со кривична одговорност. Извршеното дело било направено на писмено барање од Директорката до приватниот погребален оператор со што тие пристапиле кон откопување на гробот односно е извршено ексхумација, спротивно на сите законски прописи“, обвини Божиноски.
Од ОК Вмро Дпмен бараат одговор и на неколку прашања меѓу кои се:
– Во кое својство Дамјаноска се обратила до приватен оператор, ако според законот тоа го прават само членови на потесното семејство? , – Дали има одобрение од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи и од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството?
“ Одговорност мора да има и ќе има! Доказите се непобитен факт и нема двоумење, според тоа ВМРО-ДПМНЕ бара јавно извинување и разрешување на директорката на ЈП „Градски Гробишта“ од страна на градоначалникот Јован Стојаноски“, рече Божиноски.
Согласно изнесеното, градоначалникот Јован Стојаноски треба да знае какви кадри назначува да ги водат јавните претпријатија во Охрид. Штетата од оваа политика на СДС ја чувствуваат граѓаните на Охрид, истакна на прес конференција Перчо Божиноски .