Обука за трговија со луѓе и родово базирано насилство
Сеуште треба да се работи на подигање на свеста во јавноста за разните фоми на семејно и родово базирано насилство. Деновиве првата детска амбасада во светот Меѓаши врши обука на оваа тема пред претставниците на македонските граѓански здруженија.
Обука за трговија со луѓе и родово базирано насилство. Претставниците на македонските граѓански здруженија деновиве има можност да ја следат оваа обука во организација на првата детска амбасада во светот Меѓаши. Станува збор за еден поголем регионален проект, мултинационална коалиција за борба против трговија со луѓе и родово базирано насилство, кој се спроведува со неколку партнерски граѓански организации од неколку соседни земји, појаснува Катерина Конеска проектниот координатор. Додава дека посебен акцент бил ставен на заштита на жените и децата, како најранливи жртви.
„Ова е основна обука која што сега ја имаме затоа што е е дел од серија на обуки, ќе има вкупно три, така што оваа обука е повеќе во делот на запознавење на учесниците или потсетување на оние кои што веќе знаеа за елементите на трговијата со луѓе, што тоа претставува, кој се жртвите како може да се препознае жртвата на трговија со луѓе како истото да се превенира а исто и во делот на родово базираното насилство“.
Се поголем е бројот на мажи, жени и деца што пријавуваат семејно насилство, што како податок загрижува, вели Гордана Несторовска. Таа предочува дека со овој феномен мора да се работи од млади години, прво на негово препознавање но и на надминување на дискриминаторските основи кои што допринесуваат за заголемување на семејното насилство.
„Традиционалните вредности помешани со притисоци од секојдневнито живот допринесуваат за уште поголемо зголемување на некој начин на семејното насилство и различните форми кои што се јавуваат, односно различните форми и на родово базирано насилство. Кога зборуваме за ова подеднакво ги вклучуваме и мажите и жените, не се фокусираме само на жените и покрај тоа што и светските статистики се такви дека жените се најчесто жртви на семејно насилство“
Обуката е од исклучителна важност за подигнување на свеста за феномените на семејно насилство и родово базирано насилство, вели Александра Миленковска – Кризен Центар „Надеж“.
„Овие обуки од ваков тип се корисни за нас како невладини организации посебно за нас кои долги години работиме на семејно насилство родово базирано насилство сега се вклучуваме и во трговијата со луѓе се корисни, најпрво ги градиме нашите капацитети и потоа делуваме во околината“
Од Меѓаши информираа дека на работилницата која се одржа во хотел Тино на учесниците им биле дадени главните насоки, во врска со подетално запознавање на феномените на семејното и родово базирано насилство, како и насочување на превенција што во суштина е и дел од работата на граѓанските здруженија.