Трка на Дедомразовци по кејот Македонија во Охрид
Христијан, Дејан и Јован се најбрзите Дедомразовци на првата трка на Дедо Мраз во Охрид. Тие си понесоа вредни награди, таблет, мобилен телефон и вечера за двајца во Пица ресторанот „Валентино“ во Охрид. Овој настан е во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.
Трка на Дедомразовци по кејот Македонија во Охрид. Денес во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, за прв пат се одржа една поинаква трка во која учество зедоа повеќе од триесет Дедомразовци. Најдобар меѓу нив беше Христијан Јованоски кој си доби подарок таблет компјутер.
„Сакам да го поздравам овој навистина убав настан кој се одржува во нашиот град. Јас имам 18 години и на трката ме пријави мојата мајка. Сакам да ги поздравам одговорните во општината и град Охрид и порачувам овој настан да продолжи и во иднина“
Стартот беше од пред хотелот City Palace па се до градскиот плоштад. Еден од учесниците беше и Јован Јованоски кој смета дека со ваквите настани може да се придонесе за развој на туризмот преку цела година.
„Да се надеваме дека ќе донеси повеќе гости во градов, ќе ја продолжи сезонава…. Се радувам што имаме една ваква активност, се радувам што имаме една ваква активност мило ми е што сум дел од неа и се надевам дека со повеќе вакви настани ќе успееме да немаме сезона туку секогаш да имаме сезона во Охрид“
Втората награда, мобилен телефон ја освои Дејан Ангелоски, а третата, вечера за двајца Јован Јованоски. На трката покрај охриѓани учество зедоа и дедомразовци од Ресен и Битола. Оваа трка се трчаше за поддршка на децата со ретки болести. Инаку, настанот беше збогатен и со богата музичка програма на градскиот плоштад, во посебно изработената куќичка со настапи на младите музички ѕвезди од детските фестивалчиња и посебна програма на ученици од ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид.